Хотел ST. IVAN RILSKI **** – БАНСКО
ОПИС:
Св. Иван Рилски Хотел, Спа и апартмани се наоѓа во најголемиот ски-центар во Бугарија – Банско, на 262 километри од Скопје. Се наоѓа во близина на планината и само на 10 минути до ски лифт, комплексот се состои од хотелски дел, СПА центар, еден од најголемите затворени базени во градот и 4 луксузни апартмански куќи. Изградена во типичен алпски архитектонски стил, во комбинација со традиционалните елементи, хотелот е вистински рај за барателите на комфорт, спокојство и раскош. Св. Иван Рилски Хотел, Спа и апартмани, исто така, нуди 3 ресторани, вклучувајќи традиционална бугарска таверна, 2 бара и 3 конференциски сали.
ЦЕНОВНИК:
Хотел Иван Рилски 4* – Банско
ЗИМА 2025/2026 |
||||||
ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА:
· 30% попуст за резервација до 30.09.2025 и уплата од 50% – валиден за престој од минимум 6 ноќевања |
||||||
БОНУС: 7=6 валиден за период на престој од 04.03-26.03.2026
Бонусот СЕ комбинира со попустот за рана резервација Бонусот не важи за доплатите за All Inclusive |
||||||
Цените се по лице за 1 ноќевање
на база ПОЛУПАНСИОН |
24.12-29.12.2025 | 30.12.2025-01.01.2026
|
02.01.-07.01.2026
08.02-03.03.2026 |
08.01-07.02.2026 | 04.03-26.03.2026 | |
Двокреветна Промо Соба | 2 + 0 | 138€ | 203€ | 121€ | 105€ | 91€ |
Двокреветна Стандард Соба | 2 + 1(до 11.99г.)
3 + 0 |
150€ | 222€ | 131€ | 113€ | 97€ |
Двокреветна Делукс Соба | 2+2(до 11.99г.)
3+0 |
171€ | 251€ | 148€ | 125€ | 110€ |
Студио во споредна зграда | 2+1(до 11.99г.) | 138€ | 203€ | 121€ | 105€ | 91€ |
Фамилијарен апартман во споредна зграда | 2+2(до 11.99г.)
3+0 |
150€ | 222€ | 131€ | 113€ | 97€ |
Дете од 6-11.99 години на дополнително легло | 31€ | 31€ | 31€ | 31€ | 31€ | |
Возрасен на дополнително легло | 107€ | 158€ | 94€ | 80€ | 70€ | |
Во цената е вклучено : ноќевање со појадок и вечера, користење на спа-центар, детски кат | ||||||
Дополнителни услови : | ||||||
Во цената не е вклучена туристичка такса од 1 евро по лице на ден |
Цените се изразени во евра 1€ = 62 денари. Плаќањето е исклучиво во денари
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепција. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.