ВИЛА АЛЕКС – КСАМИЛ, АЛБАНИЈА
Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење … и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI.
15% попуст за резервација до 31.01.2024
10% попуст за резервација до 29.02.2024
05% попуст за резервација до 30.04.2024
СО УПЛАТА ОД МИНИМУМ 30% ОД ВКУПНАТА СУМА И ДОПЛАТА ДО 15 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ!
Цените се за НАЕМ на СТУДИО за 7 ноќевања.
ВИЛА АЛЕКС | ||||
Термин | Ноќевања | 1/3 студио | 1/3+1 студио | 1/3+1 приземје |
01.06 – 08.06 | 7 | 179 | 189 | 189 |
08.06 – 15.06 | 7 | 209 | 219 | 219 |
15.06 – 22.06 | 7 | 239 | 259 | 259 |
22.06 – 29.06 | 7 | 269 | 279 | 279 |
29.06 – 06.07 | 7 | 339 | 349 | 349 |
06.07 – 13.07 | 7 | 379 | 389 | 389 |
13.07 – 20.07 | 7 | 399 | 409 | 409 |
20.07 – 27.07 | 7 | 399 | 409 | 409 |
27.07 – 03.08 | 7 | 399 | 409 | 409 |
03.08 – 10.08 | 7 | 399 | 409 | 409 |
10.08 – 17.08 | 7 | 399 | 409 | 409 |
17.08 – 24.08 | 7 | 379 | 399 | 399 |
24.08 – 31.08 | 7 | 349 | 359 | 359 |
31.08 – 07.09 | 7 | 239 | 259 | 259 |
07.09 – 14.09 | 7 | 219 | 239 | 239 |
14.09 – 21.09 | 7 | 159 | 169 | 169 |
21.09 – 28.09 | 7 | 139 | 149 | 149 |
Напомени:
- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
- Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
- Климата е вклучена во цената;
- Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
- За хигиената на собите се грижат гостите;
- За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.
Попусти:
- За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
- Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!
Плаќање:
- Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
- Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
- За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.
Опис на сместувањето:
- 1/3 – Студио на прв спрат со поглед кон градот
- Студиото има голем брачен кревет + едиченен кревет, балкон, поглед кон градот, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
- 1/3+1 – Студио на приземје
- Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + двосед кој не се пушта, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 + 1 дете до 5,99 години.
- 1/3 + 1 – Студио на прв спрат со поглед на море
- Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, поглед на на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
- Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 години + 1 дете до 4,99 години.
Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата
ПРЕВОЗ:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:
- Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 65€ по лице
- Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 80€ по лице
- Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) – 65€ по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:
- Битола (Транскоп) – 55€ по лице
- Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – Трансфер до Битола -55€
- Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 65€ по лице
- Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -65€ по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -65€ по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен
Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:
Сатници на поаѓање:
- 00:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
- 00:45 h Велес (бензинска пумпа Макпетрол на кружен тек) трансфер до Битола
- 00:00 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
- 01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
- 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
- 03:00 h Битола (автобуска Станица Транскоп на перон)
- 02:00 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
- 01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
- 01:15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
Т.А. С-Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или доколку настане промена на цената на горивото
Што можете интересно дa правите кога сте на одмор во Ксамил?
Уживајте во зајдисонце: Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство!
Изнајмете кајак: Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!
Посетете го националниот парк Бутринт: Има автобус на секој час од Саранда и Ксамил кој вози до Националниот парк Бутринт. Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.
Уживајте во Саранда: Сместено на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со повеќе од 300 сончеви денови во годината кој се повеќе наликува на Италијанските приморски градови. Привлекува се’ повеќе гости со својот шарм. Веројатно сте слушнале како некои пријатели го споменуваат ова летно одморалиште. Ова не треба да изненадува бидејќи Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф.
Посетете ја плажата “Pema e Тhate”, една од најубавите панорамски плажи во јужна Албанија лоцирана на 3 километри југозападно од Ксамил
Посетете го “Syri & Kalter” (Плаво око): Прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
- За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм