You are currently viewing Вила Maria – Ксамил 2026

Вила Maria – Ксамил

ОПИС:

Вила Мариа е лоцирана во Ксамил се наоѓа на 300м од плажа, до плажа има 7мин пешачење, располага со двор, простор за паркинг и двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија.
Собите се лоцирани на приземје, прв и втор кат. Сите соби располагаат со сопствен тоалет, клима (вклучена во цената), кујна опремена со основен прибор за готвење, фрижидер, тв, балкон, комарници. Двокреветните се составени со еден брачен кревет – спална, трокреветните со брачен кревет и еден единечен, четворокреветните се сите со еден брачен кревет и кревети нa спрат.

ЛОКАЦИЈА:  39°45’49.9″N 19°59’55.8″E

ЦЕНОВНИК: 

-20% попуст за резервации и целосни уплати до 31.01.2026
-15% попуст за резервации и целосни уплати до 31.03.2026
-10 попуст за резервации и целосни уплати до 30.04.2026

Ценовник вила Мариа – 2026
Термин: 13.06 20.06 27.06 04.07 11.07 18.07 25.07 01.08 08.08 15.08 22.08 29.08 05.09 12.09
Ноќи: 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/2 219 249 319 359 399 399 399 399 399 379 329 219 199 159
1/3 239 269 339 379 409 409 409 409 409 399 349 239 219 179
1/4 259 289 349 399 429 429 429 429 429 419 369 259 239 199

*Тргнувањето со автобускиот превоз е ден претходно (секој Петок)

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Наем на студио за 7 ноќевања/8 дена
  • клима уред 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз
  • патничко осигурување
  • индивидуални трошоци

СЛИКИ:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА АЛБАНИЈА:

  • -Скопје (Дрводекор) – 50€
  •  -Велес (кружен тек кај Коструницата – трансфер до Скопје) – 60€  
  • – Куманово (Бензинска пупма Макпетрол – Трансфер до Скопје) – 60€
  • – Тетово (попатно) – 50€
  • – Гостивар (попатно – Бунар Петрол) – 50€
  • – Кичево (попатно – бензинска пумпа Power Petrol) – 50€
  • – Охрид (поаѓање од Подмоље – БесјаниПетрол) – 50€
  • – Струга (кружен тек – кај Нептун) – 50€
  • – За деца (02-11.99 год.) се одбива 10€ од цената за возрасен
  • – За билет во еден правец се одбива 15€
  • – Поаѓање од Скопје (ден претходно од термините во табелата) секој петок во 22:00h, враќање од
  • -Ксамил и Саранда секоја сабота во 10:00 – 11:00 часот.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • За резервација на редовните цени задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра за наем на студио, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
  • Уплатата може да ја извршите директно во агенција, онлајн преку веб страната или на жиро сметка
  • Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
  • За уплатени 2 аранжмани (7+7 ноќевања) одобруваме 7% попуст на двата аранжмани
  • Попустите не се комбинираат
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
  • За хигиената на собите се грижат самите гости
  • Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со Северна Македонија или лична карта
  • Се патува преку граничен премин Ќафасан
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направени и потврдени резервации нема да подлежат на било каква промена на цената

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ: 

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ