You are currently viewing Вила Армониа-Катизма Лефкада 2026

ОПИС:

Вила  Армониа – Б кат се наоѓа на околу 2 км од познатата плажа Катизма и 1км од Агиос Никитас. Располага со студија и апартмани во кои можат да се сместат 2-4 лица. Нуди приватен паркинг, интернет и рецепција. Има одлична локација за обиколка на плажите на западниот брег. Најблиската самопослуга и пекара се на 1 км, во Агиос Никитас.
Вила Армонија располага со  1/2 студија од 20м2 со брачен кревет плус дополнителен кревет со душек со стандардни димензии и  1/2 студиа со дополнителен кревен на оторање и  можност за сместување на двајца возрасни и две деца..
Сите сместувачки единици во вилата имаат клима, ТВ, кујна (две рингли и мал фрижидер со комора), бања со фен и тераса. Безжичен интернет е достапен во сите соби.  Вилата располага со мала рецепција која е достапна за гостите во текот на денот за секаква помош и информација, како и паркинг за сите гости. До вилата ќе стигнете со возење на 10 км од Лефкас, поминувајќи го Агиос Никитас и по 1 км ќе ја најдете вилата Армонија од десната страна. Вила Армонија е идеална за сите патници кои сакаат сместување во близина на плажата Катизма, блиску до населени места како што сликовитото селце Агиос Никитас кое располага со прекрасна плажа од каде поаѓаат такси бтотчињата до плажата Милос, многу ресторани, продавници. Во Агиос Никитас ќе можете да изнајмите кола или мотор по желба, доколку сте  без сопствен превоз.

ЦЕНИ:

Попусти за рана уплата:  
-10% до 28/02/2026

Вила Армониа Бкат Аг.Никитас/Катизма 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио Напомена
Термин/Услуга 7 наем 7 наем 7 наем  
27.05-03.06.2026 129 149 169 промо
03.06-10.06.2026 149 169 189 промо
10.06.-17.06.2026 169 189 209 промо
17.06.-24.06.2026 319 339 359  
24.06.-01.07.2026 379 399 419  
01.07.-08.07.2026 419 439 479  
08.07.-15.07.2026 459 479 499  
15.07.-22.07.2026 499 549 599  
22.07-29.07.2026 499 549 599  
29.07-05.08.2026 499 549 599  
05.08.-12.08.2026 499 549 599  
12.08-19.08.2026 499 549 599  
19.08-26.08.2026 459 529 549  
26.08.-02.09.2026 379 439 459  
02.09.-09.09.2026 299 319 339  
09.09.-16.09.2026 239 259 279 промо
16.09-23.09.2026 189 199 229 промо
23.09.-30.09.2026 149 169 189 промо

Важно

  • Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата во МКД.
  • Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети) освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
  • 1/2 студио – дупли кревет 1/3 студио – дупли кревет и единечна софа
  • 1/4 студио – дупли кревет и софа за две лица
  • Препорачуваме за патници со сопствен превоз(обезбеден бесплатен паркинг)
  • Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола
  • Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп
  • Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена
  • Секој патник има право на едно парче багаж до 20кг и едно парче рачен багаж
  • Секој дополнителен багаж се наплаќа 10 евра 
  • За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст
  • Попустите не може да се комбинираат
  • Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст
  • Туристичката такса се плаќа на лице место

СЛИКИ:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

  • -Скопје  70€ по лице 
  • -Дреново – 70€ по лице 
  • -Велес  -70€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

  • -Битола -60€ по лице
  • -Прилеп -70€
  • -Струга  -70€ по лице
  • -Охрид – 70€ по лице 
  • -Ресен– 70€ по лице 

-Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

Време на заминување од Грција:

(времињата се по GR време)

Агиос Никитас 13.30 часот
Нидри 14.00 часот
Никиана 14.30 часот
Канали 15.00 часот
Врахос 15.30 часот
Амудиа 16.00 часот
Парга 16.30 часот

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ