You are currently viewing Вила Nidri Port  – Нидри 2026

ОПИС

Вила Нидри Порт Б кат -Нидри, се наоѓа на самиот брег, во поширокиот центар на одморалиштето Нидри. Вилата се состои од две згради со двор каде што има базен со детски дел, како и лежалки и чадори за сонце на располагање (бесплатно). Нашиот капацитет се наоѓа во блок Б кој што се наоѓа веднаш позади блок А. Вилата се наоѓа покрај море, недалеку од пристаништето и пешачката зона со продавници и таверни. Градската плажа е оддалечена 450 метри. Во непосредна близина на објектот за нашите гости со сопствен превоз има  обезбеден паркинг со плаќање (5 еур/ден), како и повеќе супермаркети и ресторани. Објектот е на иделана локација за оние кои сакаат да го имаат живописното Нидри како база за истражување на островот и место од каде започнуваат сите крстарења со брод, а воедно има богата понуда за ноќен живот.
Студијата 1/2+софа се опремени со дупли кревет и софа за дете до 12 години
Студијата 1/2+1 се опремени со дупли кревет и додатен лежај за возрасен.

GPS координати: 38.70387095037614, 20.70841816054002   (  https://maps.app.goo.gl/wYdCmhVzsmkd6T8z5 )

ЦЕНИ 

-10% до 28/02/2026

Термин  1/2 студио 1/2 + софа 1/3 студио 1/2+1 апартман
27.05-03.06.2026 99 119 129 139
03.06-10.06.2026 129 149 169 179
10.06.-17.06.2026 169 189 209 219
17.06.-24.06.2026 249 269 289 299
24.06.-01.07.2026 299 319 329 339
01.07.-08.07.2026 379 399 419 429
08.07.-15.07.2026 399 419 439 449
15.07.-22.07.2026 459 479 509 519
22.07-29.07.2026 499 519 559 569
29.07-05.08.2026 519 549 589 599
05.08.-12.08.2026 519 549 589 599
12.08-19.08.2026 519 549 589 599
19.08-26.08.2026 479 499 439 449
26.08.-02.09.2026 399 419 449 459
02.09.-09.09.2026 319 339 359 369
09.09.-16.09.2026 279 299 329 339
16.09-23.09.2026 199 229 249 259
23.09.-30.09.2026 169 199 219 229

Цените се дадени во евра, уплата во денари, 1еур- 62ден.

Во цената е вклучено:

  • Наем на студио за 7 ноќи
  • кор
  • интернет 
  • 7% попуст на вториот термин за уплата на два последователни термини

Во цената не е вклучено:

  • автобуски превоз
  • дополнителен багаж
  • клима уред (7евра на ден)
  • туристичка такса (2евра на ден) на лице место
  • патничко осигурување 
  • индивидуални трошоци

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

  • -Скопје (Дрводекор) – 70€ по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -85€ по лице
  • -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -70€ по лице
  • -Дреново – (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) -70€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

  • -Битола (спортска сала)-60€ по лице
  • -Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -70€
  • -Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -70€ по лице
  • -Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -70€ по лице
  • Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комб
  • Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
  • Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )
  • Секој патник има право на едно парче багаж до 20кг и едно парче рачен багаж
  • Секој дополнителен багаж се наплаќа 10 евра 

Време на поаѓање за Лефкада:

  • 01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • 01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
  • 12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
  • 04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола
  • 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

СЛИКИ

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
  • Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

 ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ