ВИЛА URANIA – ПАРГА
Опис
Во областа Епир постои магичниот дел на Јонското море, местото каде се спојуваат две спротивставени природни убавини: планината и морето. Оваа убавина го освојува секој турист кој ја посетил Парга, овозможувајќи да ужива во мирот, автентичноста и интимноста на оваа светска туристичка дестинација. Кога ќе прошетате во стариот град се чувствувате како да патувате во времето опкружени со сегашноста. Плажите Крионери, писо Крионери во центарот на градот и плажата Валтос под Венецијанскиот замок се вистинско уживање во Парга на Јонското море.
Вилата “URANIA“- СТРАНИЧЕН ПОГЛЕД МОРЕ, лоцирана е во центарот на градот во Парга со прекрасен страничен поглед кон море од терасите. Лоцирана е веднаш до стариот музеј за производство на маслиново масло. Од плажа е оддалечена 300 метри. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер со комора и електричен шпорет, клима уред и тв и тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед кон морската шир. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Вилата има и безжичен интернет, паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место. Во близина на вилата има и паркинг со доплата.
Опис на соби:
1 кат
АПАРТМАН БР.1 (1/2+1) 2 ЛИЦА+1 ДЕТЕ ДО 12.ГОД
Апартманот се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет (или може да бидат два поединечни) комотен за спиење на 2 лица и може да се додаде еден дополнителен кревет на спуштање за дете до 12 год. Има плакар за алишта,ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, ел.шпорет, голем фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед на море.
АПАРТМАН БР.2 (1/2+1) 2 ЛИЦА+1 ДЕТЕ ДО 12.ГОД
Апартманот се наоѓа на прв кат. Има еден дупол кревет (или може да бидат два поединечни) комотен за спиење на 2 лица и може да се додаде еден дополнителен кревет на спуштање за дете до 12 год. Има плакар за алишта,ТВ и клима уред. Кујната е во посебна просторија одвоена со ѕид, опремена со аспиратор, ел.шпорет, голем фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар. Има сопствено купатило и ВЦ. Апартманот излегува на тераса со маса и столици и прекрасен страничен поглед на море.
Ценовник

- наем на апартман
- клима уред
- интернт
- тоалетна и сапун
Во цената не е вклучен:
- превоз
- туристичка такса
- крпи
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден.);
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНОТ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
Слики
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
*За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
*Попустите не можат да се комбинираат
*Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител,
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
*Важат Општите услови на СКТМ и ТА “С-ТРАВЕЛ“