You are currently viewing ВИЛА ЗВОНЧИЦА – КОПАОНИК 2021/2022

ВИЛА ЗВОНЧИЦА – КОПАОНИК

Вила Звончица е новоизграден објект од апартмански тип на Копаоник кои своите први гости ги дочека во Декември 2016г. Опкружена со борова шума во самото средиште на Копаоник, вилата со најубаво име на планината е вистински избор за секој кој сака својот одмор да го помине во мирен зимски амбиент, а сепак во центарот на настаните. Современо опремениот објект со врвен квалитет овозможува комфорот и за најпребирливите. Од ски стазата Караман Гребен оддалечена е околу 250m по шумска патека, а од влезот на Grand Hotel & Spa околу 100m. На располагање се студија и апартмани со големина од 20 до 50m². За гостите има кабловска телевизија и бесплатен Wi-Fi интернет. Со изборот на оваа вила дозволете си вистинско уживање.

ВИЛА ЗВОНЧИЦА – КОПАОНИК

www.vilakopaonik.com

ЦЕНИ ЗА СОБА НА ДЕН ВО ЕВРА – 7 ДНЕВЕН НАЕМ

Тип на соба

Лица

19.12-26.12

26.12-23.01

23.01-27.02

27.02-06.03

1+1 студио

2

405

566

505

425

Апартман 1

4

657

840

657

657

Апартман 2

6

688

860

708

688

Апартман 3

8

708

910

765

708

ВИП Апартман

5

960

1214

1011

1011

Петар Пан Апартман

7

1020

1308

1308

1308

Минимум престој

7

7

7

7

Помал број на ноќевања исклучиво на барање

Во цената е вклучено:

  • Наем на Студио/Апартман
  • Користење на Ски Гардеробер
  • Секојдневно одржување
  • Рецепција 24/7

Во цената НЕ е вклучено:

  • Туристичка такса 1 ЕУР за лице на ден,
  • деца од 7 до 15 год. 0.70 ЕУР ,
  • деца до 7 гратис
  • Хотелско осигурување 0.20 ЕУР за лице на ден
  • *Доплатите се вршат во агенција

Опис на сместување:

  • Студио 1+1 ( максимум 3 лица) – 1 просторија со 2 софи на развлекување 19м2
  • Апартман 1 ( максимум 4 лица )– 2 простории, спална соба со француско легло,дневна соба со една софа на развлекување до 25 м2 –
  • Апартман 2 (максимум 6 лица)– 2 простории,спална соба со француско легло,дневна соба со 2 софи на развлекување, квадратура до 35 м2
  • Апартман 3 (максимум 8 лица) – 2 простории,спална соба со француско легло, дневна соба со 3 софи на развлекување, квадратура до 40 м2
  • ВИП апартман (максимум 5 лица) – две спални соби со француски легла,, дневна соба со аголна гарнитура, квадратура 40-50 м2
  • Петар Пан Апартман ( максимум 7 лица) – две спални соби со француски легла, во галерија софа на развелување и дневна соба со аголна гарнитура.

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ