ВИЛА ДИМИТРА – КАЛИТЕА
ОПИС:
Вила Димитра се наоѓа на околу 500 метри од плажа, веднаш до училиштето во Калитеа и на околу 2 минути пешачење до центарот.Во нејзина близина се наоѓаат: продавници за храна, фурна, ресторани и игралишта за деца. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40 м одалеченост каде се наоѓа бесплатен паркинг.
Типови на студија:
- Трокреветни студија на приземје – бр.3 со три единечни кревети и бр.1 и 2 со еден двоен + еден единечен кревет
- Трокреветни студија на втор кат со еден двоен кревет и еден единечен со број 10 и 11.
- Четворокреветни студија – бр.8 на приземје со четири единечни кревети и бр.4 и 5 на прв спрат и бр.6 и 7 на втор спрат со еден двоен + две единечни,
- Петтокреветно студио – бр.9 со еден двоен кревет + три единечни кревети, лоцирано на прв спрат.
Содржина на студијата:
- Мини кујна со прибор за готвење и јадење
- Сопствен тоалет
- Балкон или тераса
- ТВ
- Клима (5€ на ден – се плаќа на лице место)
- Wi-Fi
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
Важна Напомена: Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената. За хигиената на апартманите/студиа се грижат самите гости. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
ЦЕНОВНИК:
-FIRST MINUTE – 20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 29.11.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.12.2025
-15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 31.12.2025, СО 100% УПЛАТА ДО 10.01.2026
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.03.2026
-7% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.04.2026, СО 100% УПЛАТА ДО 10.05.2026
| ВИЛА ДИМИТРА – КАЛИТЕА | |||||
| ЦЕНИ ПО СОБА ЗА НАЕМ НА 7 НОЌЕВАЊА | |||||
| Период | Ноќ | Сутерен 1/3 (студио за 3 лица) | 1/3 (студио за 3 лица) | 1/4 (студио за 4 лица) | 1/5 (студио за 5 лица) |
| 17.05-24.05 | 7 | 109 | 119 | 129 | 139 |
| 24.05-31.05 | 7 | 129 | 139 | 159 | 179 |
| 31.05-07.06 | 7 | 189 | 209 | 219 | 249 |
| 07.06-14.06 | 7 | 299 | 309 | 329 | 359 |
| 14.06-21.06 | 7 | 349 | 359 | 369 | 399 |
| 24.06-28.06 | 7 | 429 | 439 | 459 | 479 |
| 28.06-05.07 | 7 | 499 | 509 | 529 | 559 |
| 05.07-12.07 | 7 | 529 | 539 | 549 | 599 |
| 12.07-19.07 | 7 | 649 | 659 | 679 | 709 |
| 19.07-26.07 | 7 | 689 | 709 | 729 | 759 |
| 26.07-02.08 | 7 | 689 | 709 | 729 | 759 |
| 02.08-09.08 | 7 | 689 | 709 | 729 | 759 |
| 09.08-16.08 | 7 | 689 | 709 | 729 | 759 |
| 16.08-23.08 | 7 | 649 | 659 | 679 | 709 |
| 23.08-30.08 | 7 | 499 | 509 | 519 | 539 |
| 30.08-06.09 | 7 | 359 | 369 | 389 | 449 |
| 06.09-13.09 | 7 | 289 | 299 | 329 | 379 |
| 13.09-20.09 | 7 | 239 | 279 | 299 | 319 |
| 20.09-27.09 | 7 | 209 | 229 | 219 | 239 |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Промо термини:
- Првите три и последните три термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
- Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
- За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:
ПРЕВОЗ:
Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од
| Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики – НЕДЕЛА | време на поаѓање | цена |
| Скопје – Дрводекор | 04:00 | 50 € |
| Велес – (кружен тек на влезот-БП Макпетрол) | 04:30 | 50 € |
| Штип – (паркинг пред пошта), трансфер до Велес | 03:40 | 65 € |
| Неготино – (БП Неготино) | 05:00 | 50 € |
| Граничен премин – (БП Шимов) | 06:00 | 50 € |
| Цена по лице за превоз Битола- Халкидики – НЕДЕЛА | време на поаѓање | цена |
| Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 04:00 | 45 € |
| Прилеп – (БП Селида), трансфер до Битола | 03:15 | 45 € |
| Струга – (Хотел Дрим), трансфер до Битола | 02:15 | 55 € |
| Охрид – (БП Лук Оил излез кон Битола),трансфер до Битола | 02:30 | 55 € |
| Ресен – (спроти автобуска станица), трансфер до Битола | 03:15 | 55 € |
Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Час и место на поаѓање од Грција
| локално (грчко) време | македонско време | летовалиште |
| 15:00 | 14:00 | Калитеа |
| 14:45 | 14:00 | Полихроно |
| 14:30 | 13:30 | Ханиоти |
| 14:15 | 13:15 | Пефкохори |
Напомени:
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
СЛИКИ:
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
- Попустите не може да се комбинираат,
- Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 23 кг и 1 парче рачен багаж до 6кг.
- Секој дополнителен багаж се наплаќа 20 евра по куфер.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.