Albatros Citadel Resort 5* – Hurghada

Albatros Citadel Resort 5* – Hurghada

ОПИС:

Локација: Луксузен хотел со оригинална архитектура, сместен во јужниот дел на Хургада во Сал Хашеш, директно на самата плажа. Оддалечен е 18км од аеродромот и 22км од центарот на Хургада. Плажата е пола песочна пола со камчиња.

Соби: Хотелот располага со 514 големи удобни соби со бања, фен, сателитскаТВ, телефон, клима, сеф, мини бар, интернет приклучок, балкон или тераса.

Хотелески Содржини: Хотелот поседува еден главен ресторан, 3 а ла карт (вклучени во услугатa All inclusive), рибен ресторан а ла карт, 8 барови, дискотека, бројни продавници и др.

Спорт и забава: Хотелот има две лагуни со морска вода и три странични базени на повеќе нивоа, дел за деца и 6 џакузи; билјард, пинг понг, две тениско игралишта, теретана, одбојка на песок,центар за нуркање и други активности.Спа центар,турска бања.Детски клуб и базен.

Плажа: Плажата е делумно карпеста, има корален гребен погоден за љубителите на подводниот свет, но има и песочен дел од плажата и пристап до морето.

За цени побарајте понуда на:

Телефонските броеви:

  • 📞+ 38947 207 333
  • 📱 + 389 071 207 500
Или на нашата емаил пошта:
  • ✉️info@s-travel.mk

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ