Baron Palace Sahl Hasheesh 5* – Hurghada
ОПИС:
Локација: Baron Palace e луксузен хотелски комплекс, кој се наоѓа во заливот Sahl Hasheesh, 20 км јужно од Хургада и 17 км од аеродромот.
Соби: Хотелот располага со 615 модерни и пространи соби и апартмани со бања (бања / туш / WC), фен, сателитска ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини бар, железо и даска за пеглање, чај и кафе, интернет и балкон или тераса.
Содржини: Хотелот се протега на површина од 100 000 м2. Покрај главниот ресторан има 6 a la carte ресторани кои нудат интернационална кујна (италијански, ориентални, мексикански, кинески, јапонски) рибен ресторан, бар во фоајето, од страна на базенот, на плажа и има уште 4 тематски пабови на располагање. Дополнителни содржини на хотелот вклучуваат фризер, докторски услуги, менувачница и услуги за перење и пеглање.
Спорт и забава: Отворени базени шири над 5.000 м2 со водените површини: каскаден базен, базен со ефекти, релаксирачки базен за медитација, детски базен и џакузи. Гостите исто така може да имаат крпи, лежалки и чадори покрај базенот и на плажа. За љубители на спортот и забава достапни се: фитнес центар, 3 тениски игралишта, стаза за трчање, одбојка на плажа, пинг-понг и спортови на вода, Спа центарот е на површина од 2.300 м2, со турска бања, сауна, парна бања, џакузи, топло и ладни тушеви, масажи и козметички третмани. Установи за деца: базен со тобогани, игралиште и парк за забава, мини клуб, Junior клуб, три кино сали, услуга за згрижување на деца, детска мени и детски ресторан.
Плажа: Хотелот има прекрасна песочна плажа, долга 600 метри
За цени побарајте понуда на:
Телефонските броеви:
- + 389 47 207 333
- + 389 47 207 005
- + 389 071 207 500
Или на нашата емаил пошта:
- info@s-travel.mk
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
- за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.