You are currently viewing Sheraton Soma Bay Resort 5* – Hurghada

Sheraton Soma Bay Resort 5* – Hurghada

ОПИС:

Локација:  Хотелот се наоѓа во Soma Bay, на одалеченост 30 км од Хургада и 54 км од аеродромот.

Соби:  Хотелот има пространи 326 соби и апартмани кои се внимателно дизајнирани со релаксирачки и елегантен декор од даб и удобности. Тие се опремени со климатизација, сателитска ТВ и мини бар.Додека, Beach Suites се опкружени со бујни пејсажи и имаат приватен базен.

Содржини:  Хотелот е уникатен и градбата е инспирирана од Карнак храмот во Луксор.Покрај главниот ресторан, гостите можат да вечераат на отворено на терасата од Меѓународниот ресторан, со поглед на морето или во атмосферата на италијански ресторан. Copper Crescent е исто така популарно место за ручек на отворено. Достапно за гостите се интернет кафе, менувачница, сервис за перење и пеглање, неколку продавници.

Спорт и забава: Хотелот нуди широк спектар на објекти за да одговараат на секој одмор, вклучувајќи детски клуб, голем отворен базен, сурфање со ветер, спа центар,тениски спортски, фитнес и терен за голф.

Плажа:  Хотелот има прекрасна песочна плажа долга 800м.

За цени побарајте понуда на:

Телефонските броеви:

  • 📞+ 389 47 207 333
  • 📞+ 389 47 207 005
  • 📱 + 389 071 207 500

Или на нашата емаил пошта:

  • ✉️info@s-travel.mk

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ