You are currently viewing Хотел Бистра 4* – Маврово 2022/2023

Хотел Бистра 4* – Маврово

ОПИС:

Хотелот Бистра е сместен во подножјето на планината Бистра, близу до Мавровското езеро и три жичари, кои водат до прекрасните скијачки терени. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година. Хотелот поседува 118 кревети во удобно уредени соби со џакузи кади и тушеви, телефон и ТВ. Ресторанот нуди богат избор на исклучителни специјалитети од морска храна и традиционални јадења.  За сите кои сакаат да се освежат имат одличен базен, идеален за подобрување на Вашата кондиција, за забава или само за освежување на крајот од денот. Уште една можност за релаксација нуди и нивното џакузи. За сите вас кои сакате спортски активности, има целосно опремен фитнес клуб за рекреација. Во хотел Бистра можете максимално да се релаксирате во сауна. Пространата сауна Ви е на располагање за одмор, релаксација и разговор. Хотел Бистра располага и со игротека за најмладите гости.

ЦЕНОВНИК:

Хотел Бистра 15.12-15.03.2023 30.12-08.01.2023/15.02-19.02.2023(мин.3 ноќевања)
Недела-Четврток Петок-Сабота    
Еднокреветна 99 € 129 €  
Двокреветна 59 € 79 € 119 €
Соба со џакузи или апартман 1/1 1/2 1/1 1/2 129 €
109 € 69 € 139 € 89 €

 

  • Цените се по лице на ден!!!

Цената вклучува:

  • Појадок и вечера
  • Бесплатен интернeт
  • Бесплатен паркинг
  • Туристичка такса
  • Употреба на спа (внатрешен базен и сауна, турска бања и џакузи)
  • Детско катче
  • Сет за кафе и чај во соба
  • -20% попуст за ски билет

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Дете до 5 год – бесплатно,
  • Дете од 6-11,99год – 50% попуст од цената на возрасен,
  • Дете од 12год и нагоре, се пресметува како возрасен.
  • Доплата за оброк 12еур
  • Доплата за 3то возрасно лице – 40% попуст нацената на возрасен
  • Касно одјавување од хотел до 18часот – 40% од регуларната цена по ноќ
  • Доплата за милениче 5еур на ден.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ