Етно куќа „Кај Мостот“- Село Зовиќ, Мариово
ОПИС:
Според легендата, регионот Мариово го добил името по убавата владетелка Марија, која со цел да го спаси својот крај од потурчување, се согласила да стане жена на султанот. Опкружена со високи планини, оваа рурална област е карактеристична по својата историја, етнологија, традиции и култура. Екскурзијата низ Мариово е одлична можност да дојдете во допир со богатото културно и природно богатство на оваа најретко населена област во Македонија.
Село Зовиќ е лоцирано во општина Новаци, на 52 км од Битола. Расположено е на надморска височина од 725 метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата црквичка Свети Атанасиј. Во близина на селото течи Градешка Река, на која што се наоѓа едно од најубавите зданија во мариовскиот крај – Зовичкиот Мост.Мостот е изграден 1955/56 г на местото на стариот дрвен мост, кој се преполовил под товарот на еден локален селанец, кој водел претоварена воловска кола. Веднаш потоа е изграден новиот (постоечкиот) мост од мајсторот Џуладин од Струга. Воодушевен од убавината на мостот, најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски, сними дел од својот филм „Прашина“, токму на ова место. Во непосредна близина на мостот на една висока карпа е насликана фреска од светецот Свети Ѓорѓи, која е остаток од пештерното црквиче кое постоело таму, а веднаш до него постои и воденица. Во село Зовиќ има две цркви. Св. Атанасиј (ΧVII век) која се наоѓа на врвот на ридот веднаш над самото село и црквата Св. Никола, лоцирана во центарот на селото, изградена 1862, претрпела големи оштетувања за време на Првата Светска Војна и е обновена 1927 година. Интересно за оваа црква е дека нејзините китори, односно два од побогатите селани кои го помогнале нејзиното градење, се прикажани како светци на влезовите на црквата, што претставува вистинска реткост во овие краеви.
Во селото функционира етно куќата “Кај Мостот”. Изградена во етно стил, куќата располага со 4 соби (вкупно 11 кревети), етно ресторан и прекрасен двор. Работи 8 месеци во годината , со претходна најава. Се служи традиционална еко храна и производи исклучиво од Мариовскиот дел: месо под сач, месо во фурна, леб селски во фурна, домашно овчко сирење, мазници….. Селото благодарение на дел од мештаните и дел од нас туристичките работници полека почна да функционира и да се развива во позната дестинација на околните градови, полека и во цела Македонија, а веќе се слуша и надвор од државата. Постојат и веќе обележани патеки преку кои селото се спојува и со другите локации во Мариово, па така нуди голем потенцијал за селски етно туризам, историски туризам (тука се одвивале големи битки од првата светска војна) црковен (голем број на стари цркви и манастири). Mестото е идеално и за велосипедски туризам, рибарски туризам итн.
Етно куќата „Кај Мостот“ во село Зовиќ е семеен бизнис на Митко и Наташа Крстевски. Со повеќе од 30 години искуство во областа угостителство и огромна љубов кон родното село, отварањето на етно куќа во село со помалку од 10 жители претставуваше вистински предизвик за ова семејство.
Имајќи го секогаш квалитетот во прв план, во етно куќата се приготвува свежа и автентична храна од регионот Мариово. Традиционалното Мариовско сирење, месо под сач, домашен леб, зелник и секогаш свежи салати од домашната градина, се специјалитетите кои ќе Ви останат долго време во сеќавање. Ресторанот има капацитет од околу 50 гости и задолително е да се најавите барем еден ден претходно. За посетителите кои сакаат да побегнат од урбаниот хаос, Етно куќата има на располагање и 4 автентично уредени соби со вкупно 11 кревети, заеднички тоалет во објектот и плус 2 тоалети надвор.
ЦЕНОВНИК:
Етно куќа “КАЈ МОСТОТ” | ЦЕНА |
1 НП | 950 МКД |
1 ПП | 1.500 МКД |
1 ПА | 1.900 МКД |
Цената вклучува:
- Ноќевање со вклучен појадок / полупансион / полнпансион по лице на ден
- ДДВ и туристичка такса
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Доплати и попусти:
- Попуст за групи и престој од 3 и повеќе ноќи -10% од цената.
- Дете до 6 години-гратис (во соба со две возрасни лица).
- Дете од 7 до 12 години плаќа 50 % од цената за соодветна услуга(во соба со две возрасни лица).
- Трето лице во соба(13 и повеќе години) плаќа 70% од цената за соодветната услуга.
ПРЕДЛОГ ТУРИ СО ПОАЃАЊЕ ОД с. ЗОВИЌ:
- Вид на тура: Туристичко возење со џип / Џип сафари
- Тежина на турата: средна/тешка
- Локација: Добро Поле, Општина Новаци
- Поаѓање во 10ч. (можи и по договор)
- Туристичко возење до с. Старавина
- Кратка пауза на живописна локација во близина на село Старавина
- Оф роуд возење по шумски пат до месноста Добро Поле со кратки попатни паузи (2 часа)
- Упатување пеш до месноста „Бронзена Рака“ (300м)
- Враќање назад по истиот пат до с.Зовиќ
Старавина се наоѓа во областа Мариово, на северните падини на планината Ниџе. Селото е сместено на 50 км од градот Битола. Посета на црквата Св. Атанасиј манастирска црква изградена околу 1860 година (стариот храм) и се наоѓа на Старавинско Тумбе Во непосредна близина е и новиот храм кој е изграден неодамна заедно со конаците. Манастирот Св. Атанасиј е сместен на исклучително погодна положба, од каде посетителите на дланка го имаат цело Мариово.
Добро Поле е локација на границата помеѓу Македонија и Грција каде на 15 септември 1918 година се случил пробојот на Македонскиот фронт. Овој настан е со големо значење во историографијата на Првата светска војна. Петнаесет дена по битката за Добро Поле капитулирала Бугарија, по што следела Австро-Унгарија (4 ноември 1918 година) и примирјето со Германија на 11 ноември 1918. Според голем број на историчари, Битката на Добро Поле е почетокот на крајот на Првата светска војна. На 15 септември 1938 г, дваесет години покасно, Добро Поле го посетува делегација од Франција и поставува споменик (кој покасно исчезнува) на местото кое и денес е познато како „Бронзена рака“. Посетата на оваа локација е особено интересна за сите оние кои сакаат да научат повеќе за Првата светска војна, но воедно е и одлична можност за уживање во живописната природа и „дивите“ предели на Мариово.
- Вид на тура: Туристичко возење со џип / Џип сафари
- Тежина на турата: средна/тешка
- Поаѓање во 10ч. (можи и по договор)
- Тура- с. Старавина.Кратка пауза на живописна локација во близина на село Старавина
- Посета на куката на Калеш Анѓа
- Посета на тврдината Пешта
- Посета на с. Градешница
- Враќање назад по истиот пат до с.Зовиќ
- Траење на турата: 2-3 часа
- Надморски висини: Битола: 615 m, Градешница 800 м, Зовиќ 680 м
Старавина се наоѓа во областа Мариово, на северните падини на планината Ниџе. Селото е сместено на 50 км од градот Битола. Посета на црквата Св. Атанасиј манастирска црква изградена околу 1860 година (стариот храм) и се наоѓа на Старавинско Тумбе Во непосредна близина е и новиот храм кој е изграден неодамна заедно со конаците. Манастирот Св. Атанасиј е сместен на исклучително погодна положба, од каде посетителите на дланка го имаат цело Мариово.
Посета на куќата на Калеш Анѓа. Приказната за Калеш Анѓа, мариовска девојка со челична волја спремна и по цена на својот живот да ја зачува својата вера и да не се предаде на прилепскиот кадија. Калеш Анѓа била заробена на подмолен начин и нејзиното спасување од домот на кадијата, на некој начин претставува вовед во организирано востание против Отоманската империја или т.н. „Мариовска буна“(1564/65 г).
Населението во Мариово и пружило голем отпор на Отоманската војска и во неколку наврати истата и ја совладале. Сепак обиколени од сите страни од далеку помногубројниот непријател, востаниците морале да се повлечат во тврдината Пешта, лоцирана помеѓу селата Старавина и Градешница. Неможејќи на сила да ја освои тврдината, Отоманската војска се послужила со итрина и го лоцирала подземниот канал, низ кој што тврдината се снабдувала со вода. Дел од изжеднетите востаници се одлучиле на борба до смрт на портите на тврдината, а додека пак другиот дел заедно со жените и децата биле земени во заробеништво.
Постојат докази дека тврдината Пешта постоела уште од времето на античките македонски кралеви. По Мариовската буна таа ја изгубила својата оригинална намена и била оставена на забот на времето. Денес разрушена, во голема мера и поради бомбардирањето во текот на Првата светска војна, таа останува како нем сведок за бурното минато на овие простори Следната посета е Градешница— едно од најпознатите села во Мариово, во составот на Општина Новаци, во околината на градот Битола. Познато е како родно место на ликот Итар Пејо народните приказни. Градешница како едно од најбогатите (во секаква смисла) македонски села, е типичен пример за уништувањето на македонските села во втората половина на XX век. За пример ќе го наведеме бројот на жители во 1961 година кој бил 1.019 жители, за денес да опадне на само неколку жители. Од неодамна е поставен споменикот ПОБЕДА – скулптура на коњ тешка два тона од шрапнели, бомби, гранати, шлемови и други предмети останати од Првата светска војна во Мариово. посветен на жртвите од Првата светска војна од овие краишта кои во голем дел биле македонско население зашто Фронтот минувал низ мариовските села. Употребата на некогаш убистените експлозивни средства за споменик на кој е претставен коњ со дигната нога има за цел да покаже дека животот ја победува смртта.
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Објектот работи од Среда до Недела пријавување 2 дена пред пристигнување!!!
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.