Harmonija Hotel & Spa 4* – Kopaonik 2024/2025
ОПИС:
Harmony – Luxury Mountain Hotel & Spa Kopaonik е сеопфатен објект од тип хотел -апартман од висока категорија. Со својот луксузен дизајн, со примеси на алпски стилови карактеризирани со широки стаклени отвори со богата употреба на камен и дрво, создава посебна врска со природата и овозможува необично уживање во погледот на прекрасните падини на најголемиот зимски туристички центар Копаоник. Будењето со овие погледи ќе го натера секој ден да започне со широка насмевка на лицето.Оддалечен 6 километри од центарот на Копаоник, и 2,8 километри од најблиската скијачка патека Сунчана Долина.
Хотелот располага со рецепција , ресторан , салон бар , велнес спа центар , затворен базен , отворен базен , детска игротека , галерија и сала за состаноци.
СЛИКИ:
ЦЕНОВНИК:
За проверка на цена исклучиво во агенција!
Политика за откажување:
- Отказ или промена на термин се смета за валидна исклучиво кога се доставува во писмена форма;
- 15% од вкупната вредност на резервацијата ќе биде наплатена доколку се откаже резервацијата 30 дена пред почетокот на аранжманот;
- 30% од вкупната вредност на резервација ќе биде наплатена доколку се откаже резервацијата до 14 дена пред почетокот на аранжманот;
- 100% од вкушната вредност на резервацијата ќе биде наплатена доколку се откаже резервацијата во перод 14-0 дена пред почетокот на аранжманот;
- Во случај гостинот да си замине порано од предвиден термин или не пристигне во хотелот на резервиран термин ке бидат наплатен целиот износ;
Ковид политика:
- Хотелот – гарантира поврат на уплатени средства во случај:
- Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
- Затварање на граници
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.