You are currently viewing Хотел Милениум 4* – Битола

Хотел Милениум 4* – Битола

ОПИС:

Хотел Милениум е атрактивен хотел конструиран и дизајниран во барокен стил. Битолската традиција во нова современа архитектура и беспрекорен ентериер за автентично чувство. Најубавата амбиентална улица го заслужува Хотел Миленум на Широк Сокак во Битола. Во срцето на Битола на Широк Сокак, улица која го отсликува времето, историјата и минатото со својата препознатлива архитектура и градба. Оддалеченост само 200 м од градскиот
часовник.

Сместување: Хотел Милениум располага со капацитет од 26 соби: 25 стандардни соби (15 со
француски лежај и 10 со можност за разделување на креветите) и 1 делукс апартман. Секоја соба е опремена со француски кревет или одвоени кревети, систем за греење и ладење, мини бар, ТВ приемник, кабловска програма, бежична интернет конекција, директна телефонска линија, детектори на чад, купатило со луксузни туш кабини и џакузи, електронски безбедносен систем клуч картичка. Основната услуга е на база ноќевање со појадок за едно возрасно лице. Појадокот е бифе маса со интернационална храна.

ЦЕНОВНИК:

Вид на соба Ноќевање со појадок
Еднокреветна соба 2046.00 МКД
Двокреветна соба 3050.00 МКД 
Делукс апартман (1-2 лица) 5490.00 МКД

***Цените се по соба на ден***

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок
  • ДДВ и туристичка такса
  • Паркинг

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • до 6 години гратис (ноќевање со појадок),
  • од 6 до 10 години – 50% (ноќевање со појадок);
  • Дополнителен оброк (ручек или вечера) –  420 денари

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ