ОПИС
Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од аеродромот Св.Апостол Павле. Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м. Ваквата локација е одлична можност за соединување на планинскиот и езерскиот туризам. Хотелот располага со двокреветни соби, апартмани и претседателски апартман и истиот располага со базен, сауна, фитнес сала и спа услуги..
ЦЕНОВНИК
Перид 2025
ХОТЕЛ СИЛЕКС 4* | 2025 |
Еднокреветна соба (ноќевање со појадок) |
53 € |
Двокреветна соба (ноќевање со појадок) |
37 € |
Еднокреветна соба (ноќевање со појадок и вечера) |
65 € |
Двокреветна соба (ноќевање со појадок и вечера) |
47 € |
Во цената е вклучено:
- Цените понудени во табелата се по лице со вклучени туристичка такса и ДДВ;
- Деца до 6 години – 100% попуст;
- Деца од 6 до 11 години – 50% попуст
НОВОГОДИШНА ПОНУДА 2025
- Дводневен аранжман – 31.12.2024 – 02.01.2025 – 205€
- Тродневен аранжман – 30.12.2024 – 02.01.2025 – 235 €
- Аранжманите се на база полупансион.
- Во цената се вклучени две свечени вечери со музика и неограничен пијалок на 31.12 и 01.01.
ОПШТИ УСЛОВИ:
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
- Хотелот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на лице место.
Сместувачки капацитет: Хотелот располага со 90 стандарни соби од кои 10 трокреветни и 80 двокреветни, 12 апартмани и 2 претседателски. Собите се опремени со брачен кревет или раздвоени кревети, туш кабина, кабловска телевизија, бежичен интернет, клима уред, тераса, фен, мини бар, телефон.
Хотелот располага со: Ресторан со капацитет од 200 седишта, аперитив бар, банкет сали, летна тераса, конференциски сали, отоворен базен, сауна, фитнес, соба за масажа.
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ