ОПИС
Хотел ТИНО 4* е проектиран и дизајниран,опремен према највисоки стандарди,на задоволство на секој гостин кој ќе ужива во пријатниот амбиент на хотелот. На самиот брег на прекрасното Охридско Езеро,на само 150 метри од срцето на древниот град на светлината-Охрид. Хотелот располага со 59 хотелски соби,2 апартмани,ресторан со 150 седишта,аператив бар,хотелска тераса со 150 седишта,комплетно технички опремена конференциска сала со 60 седишта,лифт.Сопствен паркинг обезбеден со сигурносни камери. Секоја соба е опремена со ТВ,интернет конекција,телефонска линија,централна климатизација,купатила целосно опремени со тоалетна галантерија и фанови,туш кабини,противпожарен алармен систем,24 часа рецепција со целосна секретарска опрема. Спа центар-џакузи,сауна,турска бања,достапен на гостите во цената на сместување.
Ценовник 2024
Јануари/ Февруари
59 € , во двокреветна соба , услуга BB по лице на ден
39 € , еднокреветна соба, услуга ББ по лице на ден
12 € по лице доплата за вечера, HB
0,65 € доплата за туристичка такса по лице на ден
10 € доплата за соба со поглед кон езеро (на барање)
Март/ Ноември /Декември
69 €, во двокреветна соба , услуга BB по лице на ден
45 €, еднокреветна соба, услуга ББ по лице на ден
12 € по лице доплата за вечера, HB
0,65 € доплата за туристичка такса по лице на ден
10 € доплата за соба со поглед кон езеро (на барање)
Април / Мај
79 €, во двокреветна соба , услуга BB по лице на ден
50 €, еднокреветна соба, услуга ББ по лице на ден
12 € доплата за вечера по лице на ден , HB
0,65 € доплата за туристичка такса по лице на ден
10 € доплата за соба со поглед кон езеро (на барање)
Јуни / Октомври
89 €, во двокреветна соба , услуга BB по лице на ден
60 €, еднокреветна соба, услуга ББ по лице на ден
12 € доплата за вечера по лице на ден , HB
0,65 € доплата за туристичка такса по лице на ден
10 € доплата за соба со поглед кон езеро (на барање)
Дадените цени се по соба од ден и вклучуваат:
- Користење на Спа Центар (џакузи,сауна,парна бања)
- Ноќевање со појадок/појадок и вечера(појадокот се служи на шведска маса,ручек/вечера–порција, салата, главно јадење со прилог, десерт)
- Интернет и ТВ
- Паркинг
Цената не вклучува:
- Превоз
- Туристичка таксa (40 денари на ден по лице)
- Индивидуални трошоци
Доплати и попусти:
- Деца до 5. 99 години-гратис
- Деца од 6 до 11.99 години -50 % попуст од цената по лице во двокреветна соба
- Трето лице во трокреветна -30% попуст од цената по лице во двокреветна соба
- Доплата за вечера 12евра за возрасни/деца 12+
- Доплата за вечера деца од 6-11.99г 7евра
- Доплата за соба со поглед – 10 евра дневно за соба на ден.(важи само за двокреветни)
- Фамилијарна соба (connecting door соби 2 + 2) 120евра.
- Апартман (капацитет 2+2)– 130 евра на ден, услуга ноќевање со појадок
СЛИКИ
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.