Куќа “N&D”- Јерисос
ОПИС:
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Вила “N&D” (ex Nicoleta ) се наоѓа на одлична местоположба, на само 100 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото. Располагаме со 3 двокреветни студија, 2 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите сместувачки единици располагаат со сопствени екстра реновирани тоалети со пешкири, балкон, минимален прибор за готвење и јадење, мини шпоретче, чаши, бокал за вода (во нив нема тави за пржење, тенџериња, не е за патници кои буквално готват како во домашни услови.), LCD TV и нов високо квалитетен мебел. Оваа вила не дозволува готвење како во домашни услови. Сите студија се комплетно реновирани за лето 2026, нови, за најпробирливите патници. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг пред вилата.
Студио број 3 (1/2) – приземје. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на главната улица, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет.
Студио број A1 (1/2) – втор кат. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на задниот дел на вилата, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет.
Студио број A2 (1/2) – втор кат. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет тераса со поглед на задниот дел на вилата, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет.
Студио број 8 (1/3)– прв кат. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на главната улица, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет и 1 стандарден кревет.
Студио број 9 (1/3) – прв кат. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на главната улица, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет и 1 стандарден кревет.
Студио број 10 (1/4) – прв кат. Пространо студио, опремено со квалитетен мебел, комплетно реновиран тоалет, тераса со поглед на задниот дел на вилата, опремена со маса и столови, клима, ТВ, Wi-Fi. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревети.
GPS 40.39898, 23.87994
ЦЕНОВНИК:
12 % на сите сезонски цени за резервации заклучно со 02.05.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 06.06.2026 (сабота)
Вонсезонски цени
| Термин | Ноќевања | 1/2 студио (бр. 3) | 1/2 студио (бр. A1 и A2) | 1/3 студио (бр. 8 и 9) | 1/4 студио (бр. 10) |
| 24/05-31/05 | 7 | 99 | 119 | 129 | 139 |
| 31/05-07/06 | 7 | 139 | 159 | 169 | 189 |
| 07/06-14/06 | 7 | 179 | 199 | 209 | 229 |
| 14/06-21/06 | 7 | 229 | 249 | 259 | 279 |
| 21/06-28/06 | 7 | 249 | 269 | 279 | 299 |
* Задолжително плаќаат 2 лица во студио
Сезонски цени
| Термин | Ноќевања | 1/2 студио (бр. 3) | 1/2 студио (бр. A1 и A2) | 1/3 студио (бр. 8 и 9) | 1/4 студио (бр. 10) |
| 28/06-05/07 | 7 | 619 | 649 | 669 | 719 |
| 05/07-12/07 | 7 | 659 | 689 | 719 | 759 |
| 12/07-19/07 | 7 | 699 | 729 | 749 | 799 |
| 19/07-26/07 | 7 | 699 | 729 | 749 | 799 |
| 26/07-02/08 | 7 | 719 | 749 | 769 | 839 |
| 02/08-09/08 | 7 | 719 | 749 | 769 | 839 |
| 09/08-16/08 | 7 | 719 | 749 | 769 | 839 |
| 16/08-23/08 | 7 | 699 | 729 | 749 | 799 |
| 23/08-30/08 | 7 | 699 | 729 | 749 | 799 |
* цена за наем на апартман
Вонсезонски цени
| Термин | Ноќевања | 1/2 студио (бр. 3) | 1/2 студио (бр. A1 и A2) | 1/3 студио (бр. 8 и 9) | 1/4 студио (бр. 10) |
| 30/08-06/09 | 7 | 249 | 269 | 279 | 299 |
| 06/09-13/09 | 7 | 189 | 219 | 229 | 249 |
| 13/09-20/09 | 7 | 129 | 149 | 159 | 179 |
| 20/09-27/09 | 7 | 99 | 119 | 129 | 139 |
* Задолжително плаќаат 2 лица во студио
СЛИКИ:
Напомени и услови:
-
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН– 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во апартман бр. 2,3,5 и 6 плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во вонсезонските цени во апартман бр. 4 плаќаат минимум 3 лица | 4-то, 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец 170 мкд. (35евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должнисте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Импала травел“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Превоз:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата или представникот . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.