Titanic Royal 5* – Hurghada
ОПИС:
Локација: Titanic Royal 5* се наоѓа во хотелската зона јужно од Хургада, оддалечен 10 км од Аеродромот и окулу 17км од Сакала Хотелот е сосема нов – отворен во 2019год и завзема површина од окулу 50 илјади м2 . Се наоѓа на прва линија покрај плажа.
Соби: Располага со 387 соби кои се уабаво дизајнирани и имат поглед према градините, морето или базените, сите опремени со мини бар, тоалет, фен за коса, сеф, сет за кафе /чај.
Содржини: Хотелот освен што располага со главниот ресторан кој нуди богата интернацинална и домашна храна, исто така рапсолага и со 3 а ла карте ресротани. Има повеќе барови каде се служат пијалоци, меѓу кои лоби бар и бар на плажа.
Спорт и забава: Хотелот располага со отворен базен за возрасни и базен за деца, мини клуб за деца, мини диско, Спа центар, масажа, турска бања, сауна, џакузи. Гостите од хотелот имат право бесплатно да го користат аква паркот на Titanic Resort Aqua Park кој се наоѓа 200 м од хотелот.
Плажа: Песочна плажа која е долга 180м.
За цени побарајте понуда на:
Телефонските броеви:
- + 389 47 207 333
- + 389 47 207 005
- + 389 071 207 500
Или на нашата емаил пошта:
- info@s-travel.mk
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
- за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ