You are currently viewing Regnum Apart Hotel 5* – Bansko, Bugarija 2026

Regnum Apart Hotel 5* – Bansko

ОПИС:

Хотелот Регнум 5* е извондредна комбинација на ски и спа понуда, овој хотел Ви нуди неверојатен панорамски поглед со преубавите дизајнирани апартмани само на оддалеченост од 400м од гондолата како и 900м од центарот на градот. (не сите соби имаат балкони, таквите се на барање)

СМЕСТУВАЊЕ: 

Хотелот се состои од 118 луксузни сместувачки единици, опремени во уникатен стил.

  • JUNIOR SUITE (од 24м2 до 35м2) со француско или две единечни легла, клима уред, Wi-Fi, фрижидер, балкон (на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања со када или туш, фен за коса, сеф, мини бар (со доплата). Максимум 2 лица.
  • EXECUTIVE SUITE (од 41 м2 до 59 м2) Спалната соба има две единечни или едно француски кревет.     Дневната соба има кујнско катче, клима уред, Wi-Fi, фрижидер, балкон (на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања, фен за коса, сеф, мини бар (со доплата) и софа на развлекување. Во собата можат да се сместат максимум 3 лица или 2 возрасни и 2 деца. 2 возрасни + 2 деца (2 редовни + 2 дополнителни легла) или 3 возрасни (2 редовни + 1 дополнително легло).
  • GRAND SUITE (од 71м2 до 108м2) Со клима уред, Wi-Fi, кујнско катче, фрижидер, балкон ((на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања, фен, сеф и мини бар (со доплата). Се состои од две спални соби и дневна соба. Во двете спални има или француски кревет или два стандардни кревети, а во дневната соба француски или два стандардни кревети и софа на развлекување. 2 возрасни и 2 деца (4 редовни легла + 2 дополнителни) или 5 возрасни (4 редовни легла + 1 дополнително).
  • GRAND SUPERIOR SUITE (до 109м2) е најголемата сместувачка единица. Клима уред, Wi-Fi, кујна, фрижидер, балкон (на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања, фен за коса, сеф, мини бар (доплата). Двете спални имаат француски или два стандардни кревети, а во дневната соба има две софи на развлекување.

Сите видови соби се чистат секој ден.
Крпи и постелнина се менува на барање (може и секој ден).

Содржи: спа центар /сауна, парна бања, базен, детски базен, отворен базен /сезонски/,
џакузи, солариум/, ресторан, теретана, игрална за деца и игралиште, отворен паркинг,подземна гаража, бежичен интернет, бар, бутици и сувенирници во хотелот, фризерско- козметички салон, библиотека, градина со скара, билијар, пинг-понг, пикадо, аква-парк
/сезонски/, ски остава, изнајмување на ски опрема, ноќен клуб, менувачница.

Соби:
клима, мини-бар, сеф, ТВ, телефон, фен, бањарка, фрижидер, ел. бокал, бежичен интернет, чајна кујна (освен во Џуниор суит)

Check – in : 15.00 / Check – out : 11:00 (по локално време )

ЦЕНОВНИК:

REGNUM 5*
Цени по соба на ден
26.01-22.02   04.01-25.01  23.02-15.03 16.03-31.03
Вид на сместување НП ПП НП НП НП ПП
Јуниор суит 2+0 174€ 227€ 141€ 194€ 110€ 163€
Едноспален апартман 2+1 188€ 241€ 155 208€ 124€ 177€
Едноспален апартман – поглед планина 2+1 193€ 246€ 159€ 212€ 128€ 181€
Едноспален апартман – делукс 2+2 197€ 250€ 164€ 217€ 133€ 186€
Делукс едноспален со поглед на планина 2+2 202€ 255€ 169€ 221€ 138€ 190€
Двоспален апартман 4+2 322€ 427€ 253€ 358€ 211€ 317€
Двоспален апартман- со поглед планина 4+2 326€ 432€ 257€ 363€ 216€ 322€
Деца од 7-12.99 години на дополнително легло   47€ 60€ 39€ 52€ 30€ 42€
Возрасен на дополнително легло   69€ 96€ 56€ 83€ 44€ 70€
Дополнителн услови :
Дете од 0-6.99 год- плаќа 2 евра на ден .
За еднокреветна соба се плаќа 80% од цената .

*Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

Во цената е вклучено : 

  • ноќевање со појадок или појадок и вечера,
  • користење на СПА ЦЕНТАР – внатрешен базен, сауна, парна бања, турска бања, фитнес, релакс соба, џакузи, амам,шок туш
  • ски гардеробер,
  • транспорт до ски гондолата, 
  • детски кат и анимација,
  • надворешен паркинг (по достапоност)
  • интернет.

Попусти и доплати:

  • Доплата за suite со балкон 5€ на ден
  • Доплата за користење на Regnum Banya Termal complex: возрасен – 8€, дете 4-11 год.- 5€
  • При резервација на 5 и повеќе ноќевања – БЕСПЛАТНО користење на Regnum Banya Termal complex

Капацитет на сместување:

Junior suite – 2 возрасни
Executive suite –  2 возрасни + 1 дете до 12,99 год
Executive deluxe suite –  2 возрасни + 2 деца до 12,99 год
Grand suite –  4 возрасни + 2 деца до 12,99 год или 5 возрасни
 
Минимум престој за викенд е 2 ноќевања
 
Во цените не е вклучено : 
  • патничко осигурување
  • туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. : 1€ по лице на ден
  • превоз
  • индивидуални трошоци

Приговори и поплаки:

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепција. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ