REGNUM BANSKO SKI HOTEL & SPA
ОПИС:
Хотелот Регнум 5* е извондредна комбинација на ски и спа понуда, овој хотел Ви нуди неверојатен панорамски поглед со преубавите дизајнирани апартмани само на оддалеченост од 400м од гондолата како и 900м од центарот на градот. (не сите соби имаат балкони, таквите се на барање)
СМЕСТУВАЊЕ:
Хотелот се состои од 118 луксузни сместувачки единици, опремени во уникатен стил.
- JUNIOR SUITE (од 24м2 до 35м2) со француско или две единечни легла, клима уред, Wi-Fi, фрижидер, балкон (на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања со када или туш, фен за коса, сеф, мини бар (со доплата). Максимум 2 лица.
- EXECUTIVE SUITE (од 41 м2 до 59 м2) Спалната соба има две единечни или едно француски кревет. Дневната соба има кујнско катче, клима уред, Wi-Fi, фрижидер, балкон (на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања, фен за коса, сеф, мини бар (со доплата) и софа на развлекување. Во собата можат да се сместат максимум 3 лица или 2 возрасни и 2 деца. 2 возрасни + 2 деца (2 редовни + 2 дополнителни легла) или 3 возрасни (2 редовни + 1 дополнително легло).
- GRAND SUITE (од 71м2 до 108м2) Со клима уред, Wi-Fi, кујнско катче, фрижидер, балкон ((на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања, фен, сеф и мини бар (со доплата). Се состои од две спални соби и дневна соба. Во двете спални има или француски кревет или два стандардни кревети, а во дневната соба француски или два стандардни кревети и софа на развлекување. 2 возрасни и 2 деца (4 редовни легла + 2 дополнителни) или 5 возрасни (4 редовни легла + 1 дополнително).
- GRAND SUPERIOR SUITE (до 109м2) е најголемата сместувачка единица. Клима уред, Wi-Fi, кујна, фрижидер, балкон (на барање, во зависност од слободниот капацитет), телефон, сателитска ТВ, радио, бања, фен за коса, сеф, мини бар (доплата). Двете спални имаат француски или два стандардни кревети, а во дневната соба има две софи на развлекување.
Сите видови соби се чистат секој ден.
Крпи и постелнина се менува на барање (може и секој ден).
Содржи: спа центар /сауна, парна бања, базен, детски базен, отворен базен /сезонски/,
џакузи, солариум/, ресторан, теретана, игрална за деца и игралиште, отворен паркинг,подземна гаража, бежичен интернет, бар, бутици и сувенирници во хотелот, фризерско- козметички салон, библиотека, градина со скара, билијар, пинг-понг, пикадо, аква-парк
/сезонски/, ски остава, изнајмување на ски опрема, ноќен клуб, менувачница.
Соби:
клима, мини-бар, сеф, ТВ, телефон, фен, бањарка, фрижидер, ел. бокал, бежичен интернет, чајна кујна (освен во Џуниор суит)
Check – in : 15.00 / Check – out : 11:00 (по локално време )
ЦЕНОВНИК:
Зима 2025/2026
(цени во ЕУР по соба, по ноќ)
| Тип на апартман | Мин. капацитет | Доп. легла | Висока сезона BB | Висока сезона HB | Средна сезона BB | Средна сезона HB | Ниска сезона BB | Ниска сезона HB |
| Junior Suite (двокреветна соба) | 2 лица | / | 152 € | 198 € | 123 € | 169 € | 96 € | 142 € |
| Executive Suite (1 спална) | 2 лица | 1 дете | 164 € | 210 € | 135 € | 181 € | 108 € | 154 € |
| Executive Suite со планински поглед (1 спална) | 2 лица | 1 дете | 168 € | 214 € | 139 € | 185 € | 112 € | 158 € |
| Executive Deluxe Suite (1 спална) | 2 лица | 2 деца или 1 возрасен | 172 € | 218 € | 143 € | 189 € | 116 € | 162 € |
| Executive Deluxe Suite со планински поглед (1 спална) | 2 лица | 2 деца или 1 возрасен | 176 € | 222 € | 147 € | 193 € | 120 € | 166 € |
| Grand Suite (2 спални) | 4 лица | 2 деца или 1 возрасен | 280 € | 372 € | 220 € | 312 € | 184 € | 276 € |
| Grand Suite со планински поглед (2 спални) | 4 лица | 2 деца или 1 возрасен | 284 € | 376 € | 224 € | 316 € | 188 € | 280 € |
| King Suite (2 спални) | 4 лица | / | 450 € | 542 € | 345 € | 437 € | 293 € |
ДОПЛАТА ЗА ПОМОШЕН ЛЕЖАЈ (РАЗВЛЕЧЕН КАУЧ)
| Возраст | Висока сезона BB | Висока сезона HB | Средна сезона BB | Средна сезона HB | Ниска сезона BB | Ниска сезона HB |
| Деца 0 – 6,99 години | 1,34 € | 1,34 € | 1,34 € | 1,34 € | 1,34 € | 1,34 € |
| Деца 7 – 12,99 години | 41 € | 52 € | 34 € | 45 € | 26 € | 37 € |
| Над 13 години | 60 € | 83 € | 49 € | 72 € | 38 € | 61 € |
*Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд
ПОПУСТИ И УСЛОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ
❖ Едно дете од 0 до 6,99 години сместено со 1 возрасен на редовен кревет – важат услови за еднокреветно сместување.
❖ Две деца од 0 до 6,99 години сместени со 1 возрасен – важат услови за двокреветно сместување.
❖ 1 возрасен + 1 дете од 7 до 12,99 години сместени на редовен кревет – важат услови за двокреветно сместување.
❖ 1 возрасен + 1 дете од 7 до 12,99 години на редовен кревет и 1 дете од 0 до 6,99 години на помошен (развлечен) кревет – важат услови за двокреветно сместување, при што второто дете е бесплатно.
❖ 1 возрасен + 1 дете од 7 до 12,99 години на редовен кревет и 1 дете од 7 до 12,99 години на помошен (развлечен) кревет – важат услови за двокреветно сместување, со доплата за второто дете согласно сезонските цени наведени во табелата.
❖ Еднокреветно сместување не е дозволено во Grand Suite и Grand Suite со планински поглед.
❖ Цена за еднокреветно сместување за сите Junior Suite и Executive Suite типови, во сите сезони, изнесува 80% од основната цена.
СЛИКИ:
Во цената е вклучено :
- ноќевање со појадок или појадок и вечера,
- користење на СПА ЦЕНТАР – внатрешен базен, сауна, парна бања, турска бања, фитнес, релакс соба, џакузи, амам,шок туш
- ски гардеробер,
- транспорт до ски гондолата,
- детски кат и анимација,
- надворешен паркинг (по достапоност)
- интернет.
УСЛОВИ И НАПОМЕНИ
Хотелот го задржува правото да ги измени цените во случај Владата или Општината да ги променат постојните даноци, да воведат нови даноци или доколку дојде до значително зголемување на трошоците за поврзани економски добра и услуги.
Сместување во апартман со балкон: 4 € по ден, по барање и со писмена потврда од хотелот.
Готвење не е дозволено.
Сите горенаведени цени се во ЕУР, по СОБА, по ноќ, за минималниот капацитет наведен во табелата и вклучуваат:
❖ Ноќевање со појадок на база шведска маса (BB) или појадок и вечера на база шведска маса (HB – минимум 15 гости);
❖ Користење на Regnum SPA центарот: внатрешен базен со детска секција, фински сауни, парна бања, хамам, контрастни и тропски тушеви, релакс зона, фитнес центар и џакузи (џакузите се користат по распоред и според максималниот капацитет);
❖ Ски ормани за лична опрема со греење и сушење;
❖ Шатл превоз до/од првата станица на гондолата (по распоред);
❖ Детско игралиште и детска анимација (за деца од 4 до 14 години, во работно време);
❖ Сеф во апартманите;
❖ Wi-Fi интернет во целиот хотел;
❖ Надворешен паркинг (според достапност);
❖ Осигурување и 9% ДДВ;
❖ Туристичка такса (децата до 6 години плаќаат само туристичка такса).
Check-in: 15:00 часот
Check-out: 11:00 часот
- патничко осигурување
- туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. : 1€ по лице на ден
- превоз
- индивидуални трошоци
ВАЖНИ НАПОМЕНИ И РЕЗЕРВАЦИИ
➔ Предвремено заминување: 100% наплата за сите преостанати ноќевања и дополнителни услуги според првичната потврда.
➔ При резервации со деца, возраста мора да биде наведена со точен датум, месец и година на раѓање. Непочитување на ова правило – детето ќе биде наплатено како возрасен.
➔ 50% авансна уплата – до 7 дена по потврда од хотелот.
➔ Целосна уплата – најдоцна 7 дена пред пристигнување.
➔ Минимален престој:
• Висока сезона (викенди): минимум 3 ноќевања
• Средна и ниска сезона (викенди): минимум 2 ноќевања
➔ Сите промени на веќе испратена резервација (датуми, име, тип на соба, услуга) ќе бидат потврдени од хотелот според достапност. Во спротивно, ќе се сметаат како нова резервација и откажување на претходната.
➔ Резервациите се потврдуваат од хотелот според достапност и отсуство на stop-sale периоди.
➔ Сите резервации мора да бидат платени однапред. Во спротивно, хотелот го задржува правото да одбие сместување.
Приговори и поплаки:
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепција. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.